[ВИДЕО] Израел фрли „земјотрес-бомба“ на Сирија! Се издига „печурка“ во близина на руската база, регистриран земјотрес од 3 Рихтери во Турција на 820 километри од местото

Точка

16/12/2024

21:16

2.493

Големина на фонт

а а а

Израелски воздушни напади го погодија сирискиот регион Тартус, предизвикувајќи експлозија што беше регистрирана и како земјотрес.

Огромна експлозија го осветли небото над Сирија во неделата вечерта, откако најинтензивните израелски напади во последните десет години ги погодија воените објекти во регионот. Според извештаите, детонацијата била толку силна што ја регистрирале сеизмички сензори.

Според „Дејли мејл“, нападот бил насочен кон крајбрежниот регион Тартус, каде што се наоѓа руската поморска база, што го потврди и Сириската опсерваторија за човекови права.


– Израелските авиони ги нападнаа единиците за противвоздушна одбрана и складишта за ракети земја-земја. Ова се најтешките напади на овој регион од почетокот на израелските воздушни напади во 2012 година – соопшти организацијата.

Детонацијата била толку силна што сеизмичките уреди регистрирале земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала. Истражувачот Ричард Кордаро изјави дека сигналот од експлозијата бил регистриран и во магнетометарската станица во Исник, западна Турција, оддалечена 820 километри. Тој посочи дека сигналот се ширел „двојно побрзо“ отколку оној кај обичен земјотрес.


Тартус е локацијата на една од двете клучни руски бази во Сирија. Покрај нејзината употреба како поморска база, таму се наоѓаат и складишта за муниција. Експлозијата и последователните детонации укажуваат на тоа дека во нападот можеби биле погодени големи залихи оружје.

На социјалните мрежи се појавија драматични видеа што прикажуваат силен блесок, неколку последователни експлозии и џиновска „печурка“ од чад што се издигнува над местото.


Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека дел од дипломатскиот персонал бил евакуиран од Сирија, само една недела по падот на претседателот Башар ал Асад, кој доби азил во Москва.

Рускиот „Центар за материјална и техничка поддршка“, основан во 1971 година, во 2017 година беше трансформиран во поморска база. Тартус, кој Русија го доби бесплатно на 49 години како дел од договор со Асад, игра клучна улога во руските операции во регионот.

Од 2015 година, руската армија ја користи и воздухопловната база Хмеимим во близина на Латакија, добро заштитен објект со воздушна одбрана што покрива радиус од 250 километри.

И покрај тоа што нема официјални податоци за бројот на руски војници во базите во Сирија, аналитичарите сметаат дека бројот значително се намалил по почетокот на руската инвазија на Украина.


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави минатата недела дека Москва е во контакт со новите сириски власти во врска со иднината на руските бази.

Од друга страна, водачот на џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), Абу Мухамед ал Џолани, ги осуди израелските напади, тврдејќи дека тие се неоправдани. Џолани нагласи дека односите меѓу Москва и Сирија треба да бидат насочени кон заеднички интереси.