Имајте си резерви: Во сабота најголем дел од Скопје без вода, еве која е причината

Макфакс

16/12/2024

15:08

2.637

Големина на фонт

а а а

На 21 декември, јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе го затвори главниот градски цевковод во кругот на касарната во Ѓорче Петров поради санација на сериозни дефекти. Процесот на санација ќе опфати поправка на еден од поголемите дефекти на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде веќе десетина дена има излевање на вода на улицата.

„Додатно ќе се санираат и три други дефекти на затворачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм, од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со улица Никола Парапунов“, соопштија од „Водовод и канализација“.

Цевководот ќе биде затворен за време на интервенцијата, а завршувањето на работите ќе биде соопштено по успешната санација.

Почитувани,


Поврзано со излевањето на ул. “Никола Парапунов“ на затварач Ф700мм за кој имаше информации во јавноста, со...

Posted by ЈП Водовод и канализација Скопје on Sunday, December 15, 2024

„Овој вид на затворање на главниот цевковод не се случува често. Последен пат се изврши вакво затворање во 1991/1992 година. Интервенцијата е неопходна за отстранување на дефекти од овој тип“, велат од „Водовод и канализација“.

Со завршување на санацијата, ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се намали загубата на вода, како и ќе се ревитализира водоводниот систем од Ѓорче Петров до Карпош.