Бронзената олимпијка се отвори за злоставувањето што го доживеала! Нејзината исповед одекна низ светот

Точка

13/12/2024

18:43

5.407

Големина на фонт

а а а

Ана Пелетеиро освои две златни, еден сребрен и еден бронзен медал на европските првенства. На светските првенства натпреварувањето го заврши двапати по бронза, а истото го направи и на Олимписките игри во Токио.

Актуелната европска шампионка во трискок и олимписка бронзена медалистка на Игрите во Токио, Ана Пелетеиро, на својот профил на "TikTok" раскажа како нејзиниот поранешен партнер ја малтретирал. 29-годишната шпанска атлетичарка не сакала да го именува лицето, но опишала што точно се случило.

„Ќе ме разбудеше средноќ сексуален однос на кој не се согласував. Сепак, останав во врска со него, но сè на мене се смени. Начинот на облекување, однесувањето, како разговарав со семејството, се изолирав од голем број луѓе, кога ќе одев кај него за време на викендите, тој едноставно ќе исчезне, а јас не знаев апсолутно ништо.


„Се враќаше од патување со љубовни дамки по телото и ми кажуваше дека го каснале инсекти во неговиот душек. Ако го притиснев, ќе ми кажеше дека сум луда и дека замислувам работи, иако ги открив мејловите што ги праќаше на колешка“, изјави наградуваната спортистка.


На европските првенства оваа Шпанка освои два златни, еден сребрен и еден бронзен медал. На светските првенства два пати го заврши натпреварувањето како бронзена, а истото го направи и на Олимписките игри во Токио. Денес е во брак со францускиот трискокаш Бенжамин Компаоре и со него има една ќерка.