Ако сакате да бидете најбрзи на патека покриена со снег, ви треба искуство, ладна (и храбра) глава и соодветна опрема.
Во светот на сноубордингот понудата е неверојатна, но сега дополнителен избор нуди и "Lamborghini". Токму така, доколку сакате да го зачините вашиот стил на скијачките патеки и да ја покажете љубовта кон "Lamborghini" на снег, сега имате нова можност.
Сетот за сноуборд е развиен во соработка со "CAPiTA Snowboards" и "Union Binding Company". Глобално достапниот комплет е со ограничена продукција од само 200 примероци, по цена од околу 1.760 евра. Станува збор за ултралесниот борд "CAPiTA Warpspeed" (1299 евра) и "Union Falcor" везовите (460 евра).
Карактеристиките на сноубордот се многу разновидни (flex 6,5), а се нуди во три должини (154, 157 и 160 см). Комплетот е веќе распродаден за онлајн нарачка, но сè уште е достапен во одредени специјализирани продавници за скијање.