Фабио Капело е активен во италијанските медиуми по завршувањето на тренерската кариера, а за „Газета дело Спорт“ го искоментирал последниот настап на Милан, но и актуелната ситуациај во својот поранешен клуб.
„Росонерите“ тешко ја победија Црвена Звезда, а по крајот на средбата добија жестоки критики и закани од тренерот Пауло Фонсека.
Капело добил задача да го искоментира ставот на тренерот, а тој изразил јасна поддршка за она што го рекол Фонсека.
– Тренерот употреби тешки зборови, но факт е дека нешто не функционира во тимот. Фонсека рече дека посакува повеќе фудбалери како Камарда и Ејбрахам, фудбалери подготвени да се жртвуваат за Милан. И целосно е во право, бидејќи на Милан му недостасуваат такви фудбалери, актуелните играчи не покажуваат борбеност, делуваат немотивирано.
– Кога ќе ја загубат топката, нема никаква агресивност, не покажуваат желба да ја вратат во свој посед. Што се однесува до Калабрија, тој не помогна многу на теренот. Како личност делува ок, но како капитен, не ми се допадна неговото однесување и правење сцени затоа што е заменет, – рекол Капело, кој направил споредба и со периодот кога тренер беше Стефано Пиоли.
– Тешко е да се прават споредби, посебно што Милан имаше поквалитетен среден ред во ерата на Пиоли. Но, факт е дека претходниот тренер успеа да креира посилен тим и подобар колектив на теренот, – рекол Капело.