[ФОТО] „Како да го погодила бомба“: Бункерот од Втората светска војна во кој може да се престојува и живее

Точка

07/12/2024

18:44

4.760

Големина на фонт

а а а

Бункерите од Втората светска војна во градот Рингстед на југот од Англија се заштитени споменици во таа земја – тие се дел од поранешниот РАФ систем за радарски надзор и следење на германскиот „Luftwaffe“.

Тие подоцна беа реновирани и користени како мониторинг станица за надзор на советските бомбардери во текот на Студената војна, а не се во употреба од 1956 година.


Овие објекти од посебно архитектонско и историско значење бараат заштита. Меѓутоа, со посебни дозволи, тие можат да се трансформираат во викендички.


На веб-страницата на „Sykes Cottages“ неодамна се појави бункер за одмор, кој може да се изнајми за околу 170 евра од ноќ. Бункерот е окружен со живописен пејзаж со поглед на море, а неговата јужна страна изгледа како да е погодена од бомба.

Бункер – викендичка за шест лица

Кога ќе влезете низ влезната врата, ќе ве пречека пространа дневна соба со каучи каде што можете да се опуштите и да гледате телевизија. Има отворена кујна со голем остров и простор за појадок, како и трпезарија со маса и столчиња за осум лица.



Во рамките на бункерот има три спални соби наменети за престој на шест лица, а дозволени се и домашни миленици. Достапни се и две бањи, додека на терасата има простор резервиран за дружење и одмор.




Преуредениот бункер од Втората светска војна ги комбинира удобностите на современиот свет со историските детали. Опремен е со нов мебел и апарати за домаќинство, но ги задржа оригиналните бетонски ѕидови.