[ВИДЕО] Бритни Спирс се пресели во Мексико: „Папараците секогаш беа сурови кон мене“

Точка

04/12/2024

11:39

1.954

Големина на фонт

а а а

Бритни Спирс одлучи да се отсели од САД. Пејачката на својот 43 роденден откри дека ја донела одлуката да се пресели во Мексико со цел да избега од папараците.

„Навистина ме повредува тоа што папараците прават моето лице да изгледа како да носам некаква бела маска. Тоа дури не ни наликува на мене“, порача Бритни.


Папараците секогаш беа неверојатно сурови кон мене“

Бритни додаде и дека односот на папараците кон неа бил „исклучително злобен и суров“ па затоа се преселила во Мексико.



Бритни, која ги има синовите Шон (19) и Џејден (18) од бракот со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, беше снимена при слетувањето во Кабо Сан Лукас на 2 декември, а фотографиите ги објави „ТМЗ“. На фотографиите можеше да се забележи дека Бритни била видно расположена, облечена во бел мантил, со црна шапка и очила за сонце.

Се разведе од Сем Ашгари

Инаку Бритни на својот роденден и официјално се разведе. Разводот на Бритни со Сем Ашгари беше финализиран во понеделникот, а пејачката се запознала со Ашгари, личниот тренер и манекен за време на снимањето на спотот за песната „Slumber Party“.



Тој беше главната машка ѕвезда. По снимањето, згодниот манекен веднаш покажал интерес и на пејачката ѝ го дал неговиот број, а двајцата се венчаа пред две и пол години, додека на свадбата присуствуваа Мадона, Донатела Версаче и Парис Хилтон.