Познатиот глумец Џастин Балдони минува низ тежок период поради правната битка со актерката Блејк Лајвли со која работеше на филмот „It Ends With Us“ заедно со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс.
За време на конференцијата пред сослушувањето, адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, рече дека актерот Балдони претрпел тешкотии поради судскиот спор кој го има со Лајвли. Адвокатот истакна дека Балдони и неговите други клиент биле „уништени финансиски и емотивно“ од страна на Лајвли-Рејнолдс парот.
Не сакам да звучам како четиригодишно дете кое вели „Таа прва почна“, но во вакви случаи, кога ќе кажат нешто вакво, тоа станува факт. Нема начин да се бориме против тоа рече Балдони, алудирајќи на наводите за сексуално вознемирување изнесени од страна на Блејк.
Од другата страна, адвокатот на Лајвли, Мајкл Готлиб, изјави дека наводната „одмаздничка кампања“ на Балдони била погубна за актерката.
Џастин и Блејк неодамна присуствуваа на сослушувањето и добија предупредување од судијата Луис Лајман да не даваат изјави за случајот пред судењето во март 2026 година.
За потсетување, Лајвли прво поднела тужба против Џастин и неговите соработници за сексуално вознемирување и организирање кампања за оцрнување.
Таа ги објави своите наводи во Њујорк Тајмс, а набргу потоа поднесе и формачна жалба против нејзиниот колега. Балдони прво го тужеше Њујорк Тајмс, а потоа поднесе тужба против Блејк и Рајан.