Уапсен актерот кој глумеше мафијаш во наградуван филм на Кан: Ограбувал стари лица, им украл повеќе од 700.000 евра

Точка

04/02/2025

16:54

552

Големина на фонт

а а а

Актерот Марко Макор (39), кој глумеше гангстер во филмот „Гомора“ од 2008 година награден во Кан, е обвинет дека се претставувал како полицаец во организиран грабеж чиј таргет биле постари лица.

Актерот наводно украл повеќе од 700.000 евра како еден од 29 лица кои се претставувале како полицајци или адвокати и на тој начин ги измамиле постарите лица и им ги украле заштедите и накитот.


Полицијата го уапсила Марко во текот на викендот во Џенова заедно со остатокот од неаполската банда. Групата наводно ги мамела жртвите преку телефон, информирајќи ги дека нивен член на семејството учествувал во несреќа и дека итно му требаат пари за да избегне апсење.

„Постарите луѓе имале чувство на вина ако не им помагнат на своите роднини. Според италијанскиот закон, не е потребно да се плати одреден паричен износ за да се избегне апсење или обвинение“, изјавил за британски „Телеграф“ Алесандро Магро од италијанската полиција.

Групата се обидела да измами околу 50 постари лица помеѓу април 2022 година и март 2024 година.


Уапсениот актер наводно патувал од Неапол во други делови на Италија за да ги собере парите од жртвите.

Филмот „Гомора“ е инспириран од истоимениот роман на Роберто Савијано, во кој заплетот се врти околу криминалните активности на Камора во регионот Кампанија во Неапол. Филмот освои Гран при на Филмскиот фестивал во Кан, а подоцна беше претворен и во ТВ-серија.