[ФОТО] Одмерено но заводливо: Мајли Сајрус ги воодушеви обожавателите во кожениот фустан на Сен Лоран

Точка

04/02/2025

17:48

592

Големина на фонт

а а а

Атрактивната Мајли Сајрус повторно го привлече вниманието со својот феноменален изглед на доделување на Греми наградите.

На овој престижен настан таа се појави во впечатлив кожен фустан од брендот Ив Сен Лоран, кој веднаш го привлече вниманието на сите присутни.



Фустанот кој Мајли го избра имаше длабок изрез под градите, кој одлично ја истакна нејзината фигура, додека на долниот дел од фустанот имаше долг шлиц на средината, што додаде доза на софистицираност и сексапилност на нејзиниот стајлинг.



Пејачката го комплетираше изгледот со минимален накит, кој се состоеше од сребрени и златни прстени и алки од престижниот бренд „Tiffany & Co“, а покрај накитот и потпетиците од брендот Сен Лоран Саломе, одлично се вклопија со фустанот.


Потпетиците дополнително го истакнаа нејзиниот стил, а со оглед на тоа што беа во црна боја, тие беа совршен финален детаљ кој направи целокупниот стајлинг да изгледа прекрасно.