Меланија Трамп својот ден го започнува во 6 часот наутро, а го завршува во полноќ: Белата куќа ја „превртела наопаку“, а еве што велат вработените за неа

Точка

05/02/2025

09:28

1.477

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп е ѕвезда на насловната страница на магазинот „Хелоу“, а фотографката Реџина Махаукс и нејзините други соработници откриваат како се однесува првата дама на САД во приватниот живот, па дури и ја споредија со кралицата Елизабета Втора.

Според тројца од нејзините најдоверливи советници – стилистот и дизајнер Ерве Пјер, нејзиниот официјална фотографка Реџина Махаукс, која ги снимила сите фотографии за магазинот „Хелоу“, и дизајнерот на ентериер Там Каналихам – нејзината смиреност и самодоверба неизмерно пораснале во изминатите неколку месеци.

„Таа е поинаква личност од пред осум години и отсекогаш била верна на себе. Овојпат има поинаква енергија со новите луѓе со кои се опкружи претседателот“, изјавила Реџина.


И покрај нејзиниот деловен и воздржан изглед, Меланија е секогаш љубезна кон својот персонал, пријателите и саканите. Ерве вели дека не се плаши да ги извалка рацете зад сцената.

„Кога првпат почнав да работам за г-ѓа Трамп, подготвував облека за проба и ја видов како ги става чевлите во куферот. Веднаш ѝ реков дека не може да го прави тоа и дека моја работа е да го сторам тоа, а таа одговори: ‘„Секогаш се пакувам сама за да бидам сигурна што има во мојот багаж’“, раскажал Ерве.

Тој, исто така, додаде дека таа самата прави кафе за луѓето околу неа.

„Значи, ако имате визија за жена опкружена со слуги, грешите“, рекол тој.

Првата дама, која ги објави своите мемоари во октомври минатата година, е трудољубива. Таа станува во 6 часот наутро, подготвена е за работа до 6 часот и 30 минути, а нејзиниот работен ден често трае до полноќ или до 1 часот по полноќ.


„Госпоѓа Трамп секогаш зрачи со гордост во своите верувања и непоколеблива самодоверба кога зборува за теми кои длабоко ги знае или темелно ги истражувала. Како љубопитен и внимателен поединец, таа го цени слушањето и учењето од другите кога некоја тема или историја не ѝ се познати. Таа ја разбира моќта на слушањето – често занемарена, но критична особина на силно лидерство“, открила Там.

„Има нешто во неа – силна жена – но во исто време има и мека моќ. Таа е навистина добра во балансирањето на нејзиниот сопруг“, изјавила Реџина.

Фотографката ја спореди Деланија и со покојната кралица Елизабета Втора.


„Секогаш мислам дека е како англиската кралица – никогаш не би се жалела, никогаш не сум ја видела како се жали и кога работите не одат добро, таа го кажува тоа што има да го каже, но ништо лошо, ништо грубо. Таа е силна, но секогаш стои зад сето она што нејзиниот сопруг сака да го прави“, заклучила фотографката.