[ВИДЕО] Убава русокоса со бујно деколте, поради облеката ја вратиле од работа: Претпоставената ѝ рекла дека ги вознемирува вработените

Точка

27/11/2024

21:02

1.545

Големина на фонт

а а а

Американската тиктокерка Мари стана позната по нејзините видеа од работа, на кои ги снима своите модни комбинации. Вели дека овреме навреме ги нервира своите шефови со своето облекување. Таквите снимки се најпопуларни на нејзиниот профил, а ја следат речиси 300.000 луѓе.

Во едно видео покажа како се облекла тој ден за на работа. Носела маичка со змиски принт и црни панталони. Била минимално нашминкана. Меѓутоа, како што рече, шефовите сметале дека „претерува со таквите изданија“.


Повеќето корисници на ТикТок коментираа дека таа е облечена нормално, но дека можеби проблемот е животинскиот дезен на маицата или – љубомората на нејзините колешки.

Како што вели Мари, ја предупредиле да не доаѓа така на работа. Тврди и дека ја испратиле дома. А таа сака да носи и тесни фустани за во канцеларија.


„Љубоморни се на жените со облини. Не се работи за облеката, тука не може ништо да се направи“, гласи еден од коментарите.


Но, има и такви кои напишале дека сето ова го измислила за да собира следбеници и кликови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг