Понекогаш, заслепени од некои работи, не ги гледаме најјасните нешта кои се случуваат пред нашите очи, особено кога се во прашање емотивните врски.
Во тоа и сама се уверила девојка на која сите „црвени знаменца“ од „дејтот“ на кој била ѝ ги посочил тотален странец.
Девојка по име Хадија на својот „X“ профил споделила приказна за непријатна и необична ситуација која ѝ се случила на состанок со извесен маж. Како што рекла, пиеле кафе, а пораката ја добила од човекот кој седел близу до нив, и тоа во моментот кога нејзиниот познаник отишол во тоалет.
I had coffee with a guy yesterday. When he went to the bathroom, the gay guy sitting behind me passed me this note 😂😭😂😭 pic.twitter.com/LgIVsrvlwx
— H.S. (@Hadia__S) August 15, 2021
„Вчера отидов на кафе со еден дечко. Кога се упати во тоалет, момчето кое седеше до мене ми ја даде оваа порака“, напишала таа во описот на фотографијата на која се гледа парче хартија со порака.
Во таа прилика ја предупредил на премногу лоши фактори кои ги забележал гледајќи ги и слушајќи ги двајцата од страна.
„Премногу лоши знаци. Бегај, биди безбедна“ напишал тој.
„Дејтот“ брзо завршил, а постапката на непознатиот маж ја пофалиле сите кои ја виделе објавата на Хадија.
„Не можам да замислам колку „црвени знамиња“ имало кога тоа го забележала сосема непозната личност на масата до тебе“, бил само еден од коментарите. Како што пренесува „Мирор“, објавата брзо станала вирална и собрала бројни коментари и лајкови.