Брус Ли, една од најголемите легенди во историјата на кинеските боречки вештини и филмската индустрија, почина на 33 години, оставајќи зад себе многу неразјаснети прашања и теории.
Неговата смрт, која се случила на 20 јули 1973 година, и денес останува предмет на шпекулации.
Смртта на Брус Ли беше неочекувана и трагична. Тој заспал во апартманот на својата наводна љубовница, Бети, откако се пожалил на главоболка. По неколку часа спиење, Бети го пронашла без свест. По неколку неуспешни обиди да го разбуди, ја повикала помош, но за жал, било предоцна. Ли бил прогласен за мртов по пристигнувањето во болницата.
Се пишуваше многу за неговата љубовница и последните мигови што ги поминал со неа, но многумина се прашуваа за неговата сопруга и што всушност се случило.
Сопругата на Брус Ли, Линда Ли Кадвел, играла клучна улога во животот на оваа филмска икона. Тие се запознале додека Брус бил студент на Универзитетот во Вашингтон, а се омажиле во 1964 година. Линда беше со него низ неговиот подем во светот на боречките вештини и филмовите, и го поддржуваше кога неговата слава достигна светски размери. Двојката има двајца деца, Брендон и Шенон.
Иако неговата смрт беше обвивена во мистерија, наскоро се дознало дека Брус Ли починал поради церебрален едем, болест која настанала како резултат на земањето лекови против болка. Во деновите пред смртта, Брус бил на строга диета, што можеби го ослабило неговото тело, а во комбинација со лековите и други фактори, резултирало во трагичниот крај. Линда Ли открила дека Брус пред смртта пиел само вода и бил на диета со моркови и јаболка.
По смртта на Брус Ли, Линда се посветила на зачувување на неговото наследство. Таа ја основала Фондацијата Брус Ли и активно работела на промоција на неговите учења и филмска кариера. Во 1988 година, Линда се повторно омажи, но и понатаму остана посветена на споменот за својот покоен сопруг.
Трагедијата не застанала тука – во 1993 година, нејзиниот син Брендон Ли трагично починал на сетот на филмот The Crow, уште една голема загуба за семејството.
Брус Ли продолжува да живее преку своите филмови и наследството што го остави зад себе. Неговото влијание врз светот на боречките вештини и популарната култура останува непроценливо.