[ВИДЕО] Сопствениците едвај го препознале: Мачор се вратил дома по шест седмици поминати на улица

Точка

27/11/2024

17:56

952

Големина на фонт

а а а

Мачорот Хос, кој живее во Минесота, САД со своите сопственици, се вратил дома по шест недели поминати на улица. Алексис Бостром, ќерката на сопственикот на Хос, објаснила за „Њузвик“ дека Алексис и нејзиниот сопруг го барале со недели, но како што минувало времето почнале да губат надеж и се подготвувале за најлошото.

Меѓутоа, по шест недели Хос се појавил во нивниот двор.

„Кога го најдовме беше многу мал и слаб. Го најдовме како лежи во дворот и бевме многу изненадени бидејќи почнавме да губиме надеж“, објаснила Алексис.

Кога се вратил, Хос бил значително послаб и му недостасувале парче од увото и опашката. Неговите сопственици го однеле на ветеринар и веднаш почнало закрепнувањето. Тие тврдат дека Хос сè уште се обидува да побегне од дома, но не може да го стори тоа.



Видеото од враќањето на Хос има повеќе од 1,3 милиони прегледи и 100.000 лајкови, а дел од коментарите се: „Изгледа има многу да каже“; „Како да е засекогаш засрамен“; „Среќа што си го најшол патот до дома“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг