Ресторанот „Гинза Китафуку“ во Токио, Јапонија е најскапиот ресторан кој добил Мишелин ѕвезда за 2024 година.
Најдоброто мени на овој ресторан чини 2.130 долари, а должност на секој гостин е да ги соблече чевлите и да седне на подот, пишува „Њујорк пост“.
Менито вклучува снежни морски ракови, омилено јадење на јапонското кралско семејство. За време на посетата на ресторанот, гостите имаат можност да го гледаат готвачот како подготвува жив рак пред нивни очи. Гостите на кои им е непријатно да гледаат како се подготвува храната, можат да резервираат посебна соба.
За гостите со потесен буџет, ресторанот нуди оброк од црвен рак за само 258 долари.
Ресторанот „Гинза Китафуку“ е на врвот на листата на најскапи ресторани со Мишелин ѕвезди според кулинарското списание „Шефс пенсил“.
Покрај овој јапонски ресторан, на листата се и рестораните „Ултравајолет“(Шангај), „Кавијар руз“ (Њујорк), „Маса“ (Њујорк), „Азабу Кадоваки“(Токио), „Квинс“ (Сан Франциско), „Алхемист“ (Копенхаген)…