[ВИДЕО] Што му прави седењето на организмот: Јутјубер направил експеримент и шокирал со заклучокот

Точка

26/11/2024

19:19

621

Големина на фонт

а а а

Што всушност му прави седењето на нашето тело? А, што би се случило ако се обидеме да стоиме цело време? Еден јутјубер реши да го провери ова преку екстремен експеримент.

Поради секојдневното одење во канцеларија, возењето автомобил и опуштањето со телевизорот на каучот, поминуваме многу време во седечка положба. Меѓутоа, кога ќе размислите за негативните здравствени последици од предолгото седење, можеби ќе одлучите да земете совет од Лукас Би, попознат како Пигми на „YouTube“, кој реши да прекине со оваа навика и тоа на прилично екстремен начин.

Имено, Лукас реши цела недела да ја помине на нозе. Овој американски јутјубер, кој себеси се нарекува самопрогласен каскадер и просечен актер, сака да ги тестира границите на своето тело преку необични предизвици. Од тренирање во елек со тегови за еден месец, до преживување на лавовска диета 72 часа, Лукас е навикнат на екстремни напори. А, стоењето седум дена без пауза беше предизвик на кој не можеше да одолее, пренесува „City Magazine“.

Меѓутоа, за време на експериментот, Лукас забележал некои неочекувани последици, вклучувајќи силна болка во нозете. Инспирацијата за овој предизвик ја нашол во студија која открила дека секој четврти Американец поминува повеќе од 9,5 часа дневно во седечка положба. На Лукас оваа бројка му звучела како најлош кошмар, па решил да се обиде да стои 7 дена, дури и додека користи тоалет или вози автомобил... што воопшто не била лесна задача.

Лежел само за време на спиењето, а остатокот од денот го поминувал на нозе. Лукас го користел своето време продуктивно, па не му пречело да јаде, да вежба или да врши домашна работа додека стоел, иако повремено одмарал потпирајќи се на разни предмети.

Како што минувале деновите, желбата да седне на каучот се засилувала, а третиот ден наишол на сериозни потешкотии. Лукас признал дека чувствувал постојана потреба да се истегнува што почнало да му го нарушува сонот, додека болката во нозете станала речиси неподнослива. На петтиот ден, Лукас морал да го прекине својот експеримент бидејќи не можел повеќе да издржи да стои.

Кога ќе ги погледнете фотографиите пред и потоа од неговиот експеримент, ќе сфатите колку постојаното стоење влијаело на неговото тело.

„За само пет дена, погледнете колку сум подгрбавен кога стојам“, рече Лукас, покажувајќи го искривувањето на 'рбетот.

Тој исто така забележал дека неговите тетиви се сè уште затегнати, што предизвикува проблеми со неговите глутеални мускули.

Лукас забележал и зголемена кифоза, која е искривување на 'рбетот што го прави горниот дел од грбот позаоблен од нормалното, како и лордоза, што се однесува на искривување на долниот дел на грбот и карлицата. Тој објасни дека продолжувањето на овој експеримент можело да доведе до сериозни проблеми со држењето на телото и болки во грбот. Особено му пречеле болките во колкот и колената, кои од болки во мускулите се претвориле во досадна болка во зглобовите.

Сепак, Лукас рече дека искуството вредело и дека и покрај предизвиците забележал и некои позитивни промени, како што е зголемената продуктивност за 30% додека работел стоечки, како и значителното подобрување во варењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг