[ФОТО] Како би изгледале холивудските актери во серијата „Сулејман Величествениот“: Маргот Роби како Хурем, Дикаприо како султан

Точка

30/01/2025

17:39

1.355

Големина на фонт

а а а

Инстаграм профилот „Tatsiz Fotolar“ сподели интересни фотографии создадени со помош на вештачка интелигенција, на кои е прикажано како би изгледале холивудските актери кога би толкувале улоги во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“.

На фотографиите Маргот Роби е прикажана во улога на Хурем, додека Леонардо Дикаприо е прикажан во улога на султанот Сулејман.



Тимоти Шаламе според фотографиите би го толкувал ликот на принцот Мустафа, а „Супермен“ Хенри Кавил е претставен како Ибрахим Паша.


Мерил Стрип би ја презела улогата на мајката на султанот, додека на една од фотографиите Роберт Патинсон е прикажан како принцот Селим.



Актерката Ева Грин би ја толкувала султанката Махидевран, а Ен Хатавеј би ја презела улогата на Нигар калфа.



„Сулејман Величествениот“ е една од најпопуларните и најуспешните турски серии, и се здоби со светска популарност.

Главните улоги ги толкуваа Мерјем Узерли како Хурем и Халит Ергенч како султан Сулејман.


Во Турција, првата епизода беше прикажана во јануари 2011 година, додека последната епизода беше емитувана во 2014 година.