Марио Салседо живее на бродови за крстарење во последните 25 години, а неодамна отпатува на своето 1000-то патување со „Royal Caribbean“, и откри дека годишно троши близу 101.000 долари на патувања.
Салседо е познат и како „Супер Марио“ за екипажот на бродот за крстарење, а во интервју за „All Things Cruise“, тој откри дека троши околу 101.000 долари годишно за кабината со балкон, финансирајќи го својот океански животен стил преку неговата работа за управување со инвестиции.
Неговиот статус на „Royal Caribbean“ е таков што на некои бродови, екипажот му изгради импровизирани канцеларии на палубата – заедно со оградени маси и столчиња, но и натпис на коj пишува „Super Mario’s Office“.
Марио за гореспоменатиот медиум изјави: „Крстарењата никогаш не излегуваат од мода. Толку сум навикнат да бидам на бродови што ми е поудобно таму отколку на копно“.
Тој откри дека трајно „заминал на отворено море“ откако сфатил колку е изморен од деловниот свет, костумите и вратоврските, како и од долгите летови до меѓународни клиенти.
Откако замина на своето прво крстарење во 1997 година, бизнисменот со кубанско потекло стана „зависник“. Тој живее на бродовите на „Royal Caribbean“ речиси континуирано од 2000 година, поминувајќи само неколку дена во годината на копно, а беше принуден да направи 15-месечна пауза за време на пандемијата.
Неговото 1.000-то крстарење се случи со бродот „Explorer of the Seas“ кој имаше 3.286 патници, кој тргна од Мајами на 5 јануари на 11-ноќно патување до Панама и јужниот дел на Карибите.
Марио рече дека поминува околу пет часа дневно работејќи, додека остатокот од времето му поминува во забава.
„Тоа значи нула стрес. Најдобриот начин на живот кој можев да го пронајдам“, рече тој.
Сепак, овој начин на живот има свои последици. Марио е буквално како риба без вода кога стои на копно, бидејќи премногу добро се навикнал на животот на бродовите за крстарење.
Зборувајќи за физичкиот несакан ефект, Салседо изјави за „Condé Nast Traveler“ дека кога е на копно не може да оди праволиниски.