Албанската пејачка Бебе Реџа е многу активна на Инстаграм каде ја следат повеќе од 10 милиони луѓе.
Нејзините фотографии имаат по неколку илјади лајкови, а таа ги воодушевува сите со својот атрактивен изглед. Меѓутоа, се појавува „проблем“ кога убавата русокоса ќе се насмее.
Имено, Бебе има златни навлаки на забите, кои постојано се предмет на коментари на социјалните мрежи, а на фотографиите кои редовно ги објавува на инстаграм може да се види дека предните заби ѝ се позлатени.
Поради ова одредени корисници на социјалните мрежи ја прозиваат велејќи дека ја копира Ријана, која пред неколку години исто така ја „позлати насмевката“, додека други ја советуваат „што поскоро да ги тргне навлаките“.
Инаку, ова не е првпат Бебе да шокира со својот имиџ. Своевремено, за потребите на снимање на нејзиниот спот таа стави и „вампирски“ заби.
Инаку Бебе Реџа во изминатата година се здебели повеќе од 15 килограми, меѓутоа тоа не ѝ пречи и не се чувствува незадоволно.
Напротив, таа ја прифатила својата тежина и ужива во неа. Тоа можеше да се забележи и на папарацо фотографиите на кои пејачката беше фотографирана со своето момче за време на одморот на Сардинија ова лето.
Облечена во едноделен костим за капење, Бебе Реџа уживаше во магијата на летото.
На почетокот од оваа година, таа јавно коментираше на социјалната мрежа „Х“ дека луѓето го гуглаат нејзиното име со префиксот „дебела“.
„Не е фер луѓето да коментираат за мојата тежина. Да, се здебелив околу 15 килограми или повеќе, но мислам дека тоа е во ред. Да, јас сум во мојата дебела фаза, но што има врска“, коментираше пејачката.
Пејачката секогаш зборува за нејзиниот позитивен однос кон нејзиното тело, а еднаш изјави дека сака да се гледа во огледало и да си дава комплименти.