[ВИДЕО] Заработила милиони пеејќи плејбек? Тејлор Свифт само ја отвара остата на распродадената светска турнеа, тврди експерт

Точка

21/11/2024

21:58

756

Големина на фонт

а а а

Американската ѕвезда на кантри-поп музиката и во моментов веројатно најпопуларната музичарка на планетата, Тејлор Свифт штотуку ја завршува својата светска турнеја „Ерас“, на која заработи повеќе од милијарда долари, „пеејќи“ речиси исклучиво на плејбек, а тоа е докажано со употребата на модерните софтвери за вештачка интелигенција.

Првите сомнежи за автентичноста на настапите во живо на младата и многу успешна кантавторка ги изрази Дејвид Грол од рок групата „Фу фајтерс“, а кон средината на годината многу медиуми го доведоа во прашање концертниот звук на Тејлор Свифт и нејзиниот подружен бенд.


Но, дури минатата недела, Филип Хенли, попознат како јутјуберот „Крилјата на Пегасуз“ (Wings of Pegasus), ја расчисти работата користејќи ja технологијата за вештачка интелигенција. Призна дека тоа не било едноставно, бидејќи врвната технологија, но во спротивна насока, ја користат и самите изведувачи, за да сокријат дека нивните „настапи во живо“ често и не се баш – во живо.

Фил ја издвоил вокалистката Тејлор Свифт од неколку настапи годинава, од повеќе континенти каде што одржа концерти, и дошол до очекуваниот заклучок: на секој од нив „пеела“ апсолутно исто, до милисекунда прецизно, идентично во секој поглед.

„Тоа е апсолутно невозможно во реалноста“, објаснил Фил, познат музичар, гитарист и пејач, кој по интересниот настап во музичкото шоу „Икс фактор“, светската слава ја стекна токму со анализа на музиката на најпознатите светски артисти на својот канал на Јутјуб.


Во три прилози од по повеќе од половина час, по споредување на најмалку пет концерти и преслушани неколку часа музика на Тејлор Свифт, Фил дури и на нејзините обожаватели им докажа дека целата турнеја била голема измама.

„Што се однесува до мене, сосема е во ред некој добро да заработи на турнејата, но мислам дека сепак би било фер и поштено кон нејзината публика да ѝ кажеше дека всушност ќе платат скапи билети за да ја гледаат како танцува во живо, додека сè друго, освен најавата на песните и муабетењето со бендот, ќе биде синхронизирано со однапред снимена музика и пеење“, изјави Фил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг