Милионерот Илон Маск, кој го привлече вниманието со неговата поддршка за Доналд Трамп на претседателските избори во САД, е татко на дури 12 деца, а едно од нив има невообичаено име.
Маск и неговата тогашна девојка, пејачката Грајмс, во 2020 година го објавија името на нивниот син „X Æ A-12“ при што изненадија многумина. Додека на почетокот од овој месец Маск имаше интервју со Такер Карлсон, при што во еден момент се појави неговиот син и му седна во скутот.
Маск се насмевна и кажа дека четиригодишното момче е негова мини верзија како и дека неговиот син го комплетира. Кога Карлсон го праша како се вика, „X Æ A-12“ го изговори своето име и ги зачуди сите.
Многумина во коментари пишуваа дека не можат да го изговорат тоа име, а други коментираа дека момчето сè уште не знае правилно да ги изговара зборовите и дека можеби неговото име не звучи така. Во видеото Маск го нарече момчето со неговиот прекарот „Х“ и праша дали треба да му помогне на претседателот Трамп, на што момчето одговори потврдно.
Потсетуваме кога се роди момчето, неговата мајка Грајмс го објасни значењето на неговото име. „X означува непозната променлива“, рече таа, додавајќи дека „Æ“ е елфски начин на пишување на „AI“ што е кратенка за вештачка интелигенција, но и зборот за љубов на неколку јазици, како што е јапонскиот.
„А-12 е претходник на СР-17 (нашиот омилен авион). Без оружје, без одбрана, само брзина. Одличен во борба, но ненасилен“, додаде таа.