Што претставува Денот на мажите, кој се одбележува денес? Како настанал и како една жена била клучниот фактор за 19 ноември да биде ден за „посилниот пол“?

Точка

19/11/2024

19:20

259

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот ден на мажите се слави секоја година на 19 ноември. Меѓутоа, за разлика од Меѓународниот ден на жената 8 март, Денот на мажите не е официјално признат од Обединетите нации.

Целите на одбележувањето на Меѓународниот ден на мажите вклучуваат фокусирање на здравјето на мажите и момчињата, подобрување на родовите односи, промовирање на родовата еднаквост и истакнување на позитивните машки модели, како и важноста на грижата за здравјето на мажите.

Овој ден се одбележува за да се истакнат социјалните прашања со кои се соочуваат мажите и момчињата и да се сврти вниманието кон нивните достигнувања во економската, социјалната, културната и политичката сфера.


Мајкл Кимел напиша за весникот „Гардијан“: „Името Меѓународен ден на мажите е толку оптеретено – дали е за или против родовата еднаквост? Инспириран од феминизмот или против него? – што го отежнува движењето низ политичкото минско поле. Можеби треба да се преиспита“.

Без разлика што ќе се случува со Меѓународниот ден на мажите во иднина, денес, 19 ноември, го славиме денот на нашите драги татковци, браќа, пријатели, животни сопатници или секој маж кој ни го направил животот поубав со своето присуство, намерно или случајно, а веројатно и малку покомплициран, пишува „Данас“.

Празник осмислен во 1999 година

За разлика од Меѓународниот ден на жената 8 март, Меѓународниот ден на мажите не е официјално признат од Обединетите нации.

Иако идеи за одбележување на Меѓународниот ден на „посилниот пол“ постоеле уште во 1960-тите, дури во 1999 година тој ден бил замислен и координиран од д-р Џером Тилаксинг од Универзитетот на Западна Индија во Тринидад и Тобаго.


Тиласкинг го избрал 19 ноември за датум, делумно затоа што тоа бил датумот на раѓање на неговиот татко. Д-р Тилаксинг сакал да ја нагласи важноста на добрите машки примери.

Претставниците на УНЕСКО дале писмена поддршка на идејата за прославување на Меѓународниот ден на мажите, и додека празникот во Тринидад и Тобаго се одбележува од 1999 година, денес повеќе од 80 земји го слават тој ден.

Една мајка била пионерка на одбележувањето на Денот на мажите

Индиската застапничка за правата на мажите Ума Чала, мајка на две деца, исто така одиграла важна улога во воспоставувањето на Меѓународниот ден на мажите како глобален датум.

Ума Чала била пионерка на прославата на Меѓународниот ден на мажите во Индија во 2007 година, не знаејќи од каде всушност доаѓа датумот, но верувајќи во важноста да се прослави тој ден како начин да се разоткрие злоупотребата која понекогаш ја трпат мажите.


Меѓународниот ден на мажите, меѓу останати земји, се слави и во Австралија, Аргентина, САД, Канада, Данска … Кога станува збор за соседите – во Унгарија и Босна и Херцеговина. Но, и во земјите кои не се на списокот на оние каде се слави овој ден, одредени организации и здруженија придонесуваат на свој начин да се прослави Денот на мажите.

Момчињата не плачат – мит или вистина

„Стигматизирањето на емоционалната ранливост кај мажите е еден од клучните фактори кои придонесуваат за нивните ментални здравствени проблеми, па дури и за трагични исходи како самоубиство“, изјавила за „Срна“ психологот Маја Савановиќ Зориќ по повод Меѓународниот ден на мажите.


Таа навела дека на момчињата уште од најраното детство им се кажува да не плачат и дека од нив се очекува да бидат храбри, силни и способни, што, како што изјави, често се толкува како отсуство на емоции. Савановиќ Зориќ истакнала дека е неопходно да се смени пораката уште од мали нозе и како треба да ги научиме момчињата дека плачењето е здраво, а изразувањето емоции е знак на сила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг