[ФОТО] Бункер од Втората светска војна во семејна куќа: Го пронашле три години откако се вселиле

Точка

19/11/2024

17:01

1.098

Големина на фонт

а а а

Три години откако се вселиле во нивниот дом во Саутвик, во Англија, Кетрин Милбурн и нејзиниот сопруг Лиам решиле да го уредуваат дворот, но немале поим какво изненадување ги очекува таму, пишува „New York Post“. Имено, во дворот на куќата, под бетонска плоча откриле бункер од Втората светска војна.

Го откриле бункерот на Андерсон

„Уредивме околу 60 отсто од дворот, но не најдовме ништо. Потоа решивме да ја отстраниме бетонската плоча и откривме челични шипки. Тоа нѝ изгледаше сомнително бидејќи беше премногу за обична просторија“, изјави 32-годишната сопственичка.


Потоа сопружниците продолжиле да копаат и притоа наишле на лимена плоча, а потоа откриле скали и потонат премин, по што сфатиле дека во нивниот двор се наоѓа засолниште од Втората светска војна, познато како Андерсоновиот бункер.


Бункери градени во дворовите на куќите

Подземната градба била изградена во Втората светска војна за да служи како заштита за граѓаните во случај на нацистичко бомбардирање. Засолништата се градени на длабочина од приближно еден метар во дворовите на семејните куќи, а во нив може да се сместат и до шест лица.


За време на Втората светска војна, ширум Велика Британија, биле изградени повеќе од три милиони Андерсонови бункери, но се претпоставува дека до денес само околу петнаесет од нив преживеале, што го прави откритието на овие сопружници уште повредно.

Ќе го сочуваат бункерот

Сопствениците изјавија дека се воодушевени од ова откритие и планираат да го сочуваат бункерот. Прво ќе ја испумпаат водата, потоа ќе го исчистат бункерот и ќе го осветлат.


„Дефинитивно ќе го документираме секој детаљ. Нашите деца се возбудени, а нивното училиште нè информираше дека учениците сакаат да нè посетат. Ќе имаат можност да научат нешто од историјата“, раскажа Кетрин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг