Светскиот ден на тоалетот се одбележува на 19 ноември, и тоа со цел да се сврти вниманието врз санитарната криза со која се соочуваат милијарди луѓе ширум светот, кои живеат без пристап до безбедно вршење на нуждата.
Доколку сметате дека овој датум е безначаен, се лажете. Имено, без чисти и безбедни тоалети и правилното управување со човечкиот отпад, можат да се загрозат изворите на храна и вода, што понатаму води кон загрозување на животната средина и здравјето на луѓето.
Everyone has the right to safe and hygienic sanitation services that provide privacy and ensure dignity.
— United Nations (@UN) November 19, 2024
On Tuesday's #WorldToiletDay, learn how you can #ActNow to help tackle the global sanitation crisis. https://t.co/3pjFvrd9nA pic.twitter.com/3jD2kICrxw
Кога луѓето немаат пристап до современите тоалети кои денес ги користиме, тие нуждата ја вршат во природа. Ова се нарекува отворена дефекација. Според податоците на ОН од 2021 година, повеќе од 3,6 милијарди луѓе живеат без пристап до тоалет, а ова често предизвикува ширење на болести.
Тоалетите го штитат достоинството, безбедноста и здравјето на жените, особено за време на менструацијата и бременоста.
Според Центарот за контрола и превенција на болести, секој ден речиси 1.000 деца ширум светот умираат од дијареја поврзана со лоши санитарни услови и загадени извори на вода. Безбедните санитарни услови, добрата хигиена и безбедното снабдување со вода можат да ги спасат животите на повеќе од 300.000 деца годишно.
Затоа, Светскиот ден на тоалетот е идеална можност да се научи повеќе за хигиената и на тој начин да се крене свеста за глобалната санитарна криза. Организацијата „World Toilet Day“ сака да укаже на алармантната статистика. Во таа насока, оваа организација се залага до 2030 година, секој човек да има право на безбедно вршење на нуждата.