[ФОТО] Ураганот Сара го погоди Хондурас: Северниот брег поплавен, бура ги погоди туристичките дестинации и античките урнатини

Точка

16/11/2024

12:15

331

Големина на фонт

а а а

Силен дожд предизвикан од тропската бура Сара го поплави северниот брег на Хондурас.

Невремето се приближи до брегот на Карибите, во близина на туристичките одморалишта и античките урнатини, а ги погоди и соседните земји, Белизе и Гватемала, објави "Reuters".

Американскиот национален центар за урагани процени дека во следните денови во северниот дел на Хондурас ќе паднат меѓу 38 и 63 сантиметри дожд, а во изолираните области до 89 сантиметри.


Според прогнозите, во текот на следните два дена невремето ќе зајакне, а ветровите ќе достигнат брзина од 80 километри на час.

Се очекува Сара утре да почне да го менува правецот и да се упати северозападно кон Белизе.


Повеќе од 1.000 луѓе побараа засолниште, а владата на Хондурас вчера прогласи вонредна состојба.

Националниот шеф за управување со ризици, Хозе Хорхе Фортин, ги повика граѓаните да ги избегнуваат областите подложни на поплави, особено оние што живеат покрај реките.


Невремето може да го загрози и производството на кафе во Хондурас, најголемиот производител на овој производ во Централна Америка.

Метеоролозите прогнозираат дека по Хондурас, Сара ќе зафати делови од Белизе, Ел Салвадор, источна Гватемала, западна Никарагва и јужниот дел на Мексико и дека ќе врне дожд од 13 до 38 сантиметри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг