[ВИДЕО] Кираца Трајковска сведочеше како ги поврзала случаите на Вања и на Панче: Не верува дека Палчо би го убил девојчето дури и ако причина биле парите

Точка

15/11/2024

15:44

1.977

Големина на фонт

а а а

Кираца Трајковска, поранешната директорка во Фершпед која е во кумска врска со семејството на Александар Ѓорчевски денеска во судница раскажа како со нејзиниот син Гоце Трајковски го поврзале исчезнувањето на Вања со Панче Жежеовски.

Сведокот Кираца Трајковска, мајка на Гоце Трајковски, денеска сведочеше во врска со сознанието дека Вања исчезнала и помошта што ја пружиле. Таа сподели дека Палчо ѝ е зет за втора братучетка и дека била заменик генерален директор во Фершпед, каде што своевремено работел Александар.

„Порано комуницирав повеќе. Последните години сум во Белград и тие контакти се поретки. Кога разбрав им пуштив на децата, Гоце мораше да ме праша кое е девојчето. Му кажав дека е ќерка на Сашко. Бидејќи се работи за девојче во тие години се сомневаме и ги баравме сите можни ситуации што би можело да се случи со девојчето. Тогаш бевме сите истражители, за кое било дете ќе помогнеме“, рече таа.

Дополни дека го побарала Гоце за помош.

„Му кажав на Гоце да помогне, затоа што знам дека Саше е многу мирен, повлечен, тој е родител и дека во тие моменти родителите поинаку размислуваат, не ќе може да резонираат како што треба. Гоце е помангуп“, рече таа.

Образложи дека Гоце влегувал по кафулиња, по распаднати куќи во Дебар мало, ја барал пешки.

Во одреден момент, како што рече, сподели дека се посомневале дека девојчето се губи во зградата.

„Дури во еден момент ѝ рече на Зорица дали Вања спиела дома, на што таа одговори потврдно, и ја расчисти таа околност“, рече таа.

Сведочеше дека два дена биле фокусирани за движењата пешки околу зградата, а третиот ден се фокусирале на движењето на возилата при што забележале сомнително возило дека тргнува пред зградата, по што разбравме дека го нема Панче Жежовски.

„Мислевме дека тој ја земал, ја однел негде надвор“, рече таа.

Дополни дека потоа се распрашале за Панче и преку пријатели од Велес обезбедиле снимки од кои се гледа каде се упатиле возилата.


Прашана дали се познава со Палевски, рече дека го познава откако се оженил со братучетка ѝ, и дека не само што ѝ е зет, туку и деловен партнер.

Прашана дали верува дека Палчо би ја убил Вања, одговори „не“, особено, како што рече „не за пари“.

Во однос на прашањето за станот на „Наум Наумовски Борче“, рече дека ѝ било познато дека бил купен од Палевски.

Прашана кои слики и снимки ги добивала од Гоце, таа одговори дека добивала од Гоце само слики, и една видеоснимка.

На денешното рочиште поради здравствени причини не се појави сведокот Гоце Трајковски.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Извор: Мкд.мк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг