Тропскиот ураган „Сара“ се движи кон земјите во централна Америка.
Државите во централна Америка претходните денови работеа на подготовките за одбрана од претстојниот ураган „Сара“, и се верува дека најверојатно Хондурас најпрво ќе биде погоден од овој ураган кој доаѓа од подрачјето на Карибите.
Тропскиот ураган „Сара“ се движи кон западот и тоа кон северниот брег на Хондурас со брзина од 16 км/h, а се очекува дека ќе се зајакне во наредните неколку денови, пренесува американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).
НХЦ очекува дека ураганот „Сара“ ќе предизвика „опасни по живот и потенцијално катастрофални поплави и свлечишта“ ширум Хондурас пред да пристигне до Белизе – што се очекува да се случи во недела.
Се очекува дека на почетокот од следната недела, тропскиот ураган ќе ги погоди и Ел Салвадор, источна Гватемала, западна Никарагва и јужната мексиканска држава Кинтана Ро, велат од метеоролошката агенција со седиште во Мајами.
Хондурас веќе издаде „црвен метеоаларм“ за својот северен регион, додека останатите земји имаат активирано итни мерки зсо цел да се подготват за потенцијално катастрофални врнежи.
Во четвртокот вечерта ураганот се наоѓаше 209 километри југоисточно од островот Гванаја, недалеку од брегот на Хондурас.
Tropical Storm Sara, the 18th named storm of the season, forms in Caribbean | Click on the image to read the full story https://t.co/6ZOJ7XREUB
— WESH 2 News (@WESH) November 15, 2024
Ураганот би можел да остане „полу – стациониран“ кај карипскиот брег на Хондурас до недела наутро, предупреди националниот систем за справување со ризици на оваа земја.
La Ceiba, Honduras, grapples with severe flooding from Tropical Storm Sara.
— Facts Prime (@factsprime35) November 15, 2024
Streets flooded, homes inundated.
Emergency services on high alert.
Residents urged to stay safe and follow official directives.
Stay tuned for updates. pic.twitter.com/ckT49vTL7u
По Хондурас, „Сара“ ќе се премести во Гватемала каде локалните власти побараа од жителите да ги обезбедат своите домови и да подготват резерви за итни ситуации во случај да има наредба за евакуација.
Потпретседателката на Никарагва, Росарио Мурило најави дека северните крајбрежни области ќе го почувствуваат најголемиот ефект од тропската бура додека таа ќе се движи низ државата.