Шолц му рекол на Путин да ги повлече војниците од Украина: Нивниот прв разговор од почетокот на руската инвазија

Точка

15/11/2024

22:56

1.199

Големина на фонт

а а а

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, објави германскиот весник „Sueddeutsche zeitung“.

Според неговиот портпарол, Шолц за време на разговорот ја осудил „руската агресивна војна против Украина“ и го повикал Путин „да ја прекине и да ги повлече трупите“.

Тој исто така рекол дека Русија мора да биде подготвена да „преговара со Украина со цел да се постигне праведен и траен мир и ја истакна цврстата решеност на Германија да ја поддржи Украина во одбрана од руската агресија сè додека е потребно“, се вели во соопштението на портпаролот.


Кремљ објави дека Путин и Шолц имале „детална и искрена размена“ на мислења за ситуацијата во Украина и дека разговорот бил инициран од Германија.

Наведено е и дека Путин му пренел на германскиот канцелар дека евентуалните договори за завршување на војната во Украина треба да ги земат предвид руските безбедносни интереси, да се засноваат на „новата територијална реалност“ и да ги решат основните причини за конфликтот.


Разговорот доаѓа само неколку дена откако Шолц изјави дека е заинтересиран да разговара со лидерот на Кремљ за можните решенија за ставање крај на војната во Украина, која се приближува кон третата година.

Ова е прв разговор од почетокот на руската инвазија на Украина.

Шолц и Путин последен пат разговараа во декември 2022 година, кога германскиот канцелар го повика рускиот претседател да ги повлече своите војници од Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг