Едит Егер имаше само 16 години кога нејзе и нејзиното семејство нацистите ја испратија во Аушвиц. Таму нејзините родители, бабите и дедовците беа убиен во гасните комори, а чуварите во логорот биле особено сурови и насилни кон неа.
Кога беа ослободени логорите на смртта, американските војници ја пронајдоа Егер помеѓу купот човечки трупови во дрвената барака во подлогорот Мауцхаузен, каде таа била преместена.
Со скршен ’рбет и воспаление на белите дробови, Едит и нејзината постара сестра Магда, која тогаш имала 23 години, се вратија во родниот Кошице, градот на границата помеѓу Словачка и Унгарија.
Во 1949 година Едит се преселила во САД со нејзиниот покоен сопруг, Бел Егер, а две децении подоцна таа се здоби со диплома за психолог и стана признаен автор и психолог специјализирана за лекување на трауми. Додека денес, Егер е прабаба и има седум правнучиња.
I’m so blessed to be celebrating my 97th birthday today! My love to all of you! pic.twitter.com/iJUEmEe4q4
— Dr. Edith Eger (@DrEdithEger1) September 29, 2024
Речиси 40 години по Холокаустот, Едит се врати во Аушвиц со цел да се ослободи од тагата и вината што преживеала, која ја опиша во своите мемоари „Избор“, а почитувајќи ја еврејската традиција, таа им оставила камен на родителите како спомен.
„Не можеме да го смениме минатото ниту да контролираме што доаѓа зад следниот агол. Но можеме да избереме како ќе живееме сега“ пишува Едит во својата нова книга „Балерина од Аушвиц“.
Како Еврејка која живеела во Источна Европа која беше окупирана од нацистите, таа и нејзиното семејство биле испратени во Аушвиц. Нејзината храброст и нејзината издржливост ги одржуваа во живот неа и нејзината сестра. Кон крајот на војната била префрлена во Австрија и ослободена на 4 мај 1945 година.
Едит не зборуваше околу нејзиното преживување на Холокаустот со децении, живеејќи во тишина со траумата. Меѓутоа во нејзините четириесетти години решила да се соочи со минатото. Тој процес вклучувал отворени разговори, враќање во Аушвиц, пишување мемоари и што е најважно, прифаќање на она што и“ се случило.
„Сè уште се сеќавам на сè што се случи, но не живеам во Аушвиц. Останувам во сегашноста“, изјави Едит.
Со група луѓе таа беше пренесена со во вагони за добиток до логорот на смртта. Кога Едит Егер пристигнала во кампот Биркенау, нејзиниот живот се променил на најстрашниот можен начин. Присуството на нацистичките чувари, електричната бодликава жица и смртта насекаде околу неа го оневозможиле потпирањето врз основните човечки инстинкти за преживување како борбата или бегството.
This country is, and will always be, a remarkable place in my eyes.
— Dr. Edith Eger (@DrEdithEger1) November 5, 2024
Sending you all my love and peace on this important election day! pic.twitter.com/EBlifkPn6P
„Кога пристигнав во Биркенау, ништо од тоа не функционираше. Доколку ги допревте стражарите, ќе бевте застрелани. Доколку се обидовте да избегате допирајќи ја бодликавата жица, ќе добивте струен удар. Видов човечки тела кои го потврдија тоа“ раскажа таа.
Меѓутоа, токму во ова опкружување таа ја научила клучната лекција која денес ја пренесува: моќта на внатрешните ресурси.
„Наставникот по балет ми велеше дека екстазата е нешто што доаѓа одвнатре. Во тој момент не го разбирав тој збор, но токму таму го открив. Кога ништо не доаѓа однадвор, вие ја пронаоѓате силата во себе. Колку повеќе страдате толку станувате посилни“, вели Едит.
Избирање на перспективата
Во текот на нејзиниот престој во логорот, Едит морала да одбере како ќе се бори со загубата. Се потсети на моментот кога нејзината сестра Магда, инаку позната по нејзината убавина, ја прашала како изгледа откако им ги избричиле главите.
„Имав избор, баш како и вие сега: дали да се фокусирам на она што е изгубено или на она што веќе го имаме“, вели Едит.
Додека на сестра ѝ, ѝ одговорила: „Магда имаш преубави очи. Не ги забележував додека косата ти се спушташе низ лицето“.
Денес Едит ја користи оваа приказна за да ги потсети луѓето дека секој наш избор е важен и дека секој збор може да биде огледало во кое другите можат да се погледнат. Додека се потсетуваше на времето поминато во логорот, Едит потенцираше дека неизвесноста била нејзиното секојдневие.
„Не знаевме што ќе се случи кога ќе отидеме да се тушираме, дали ќе пуштат вода или отровен гас“, вели Едит. Меѓутоа, таа неизвесност не ја скршила, наместо тоа Едит научила како да ја прифати несигурноста и да извлече сила од сопствената верба и отпорност.
Пораката која Едит им ја упатува на младите е едноставна, но силна: „Погледнете го вашиот извод на родени. Животот не е лесен, нема гаранции, нема сигурности. Постои само веројатноста“, вели Едит.