Трет напад кон Раде Трајковски-Штекли се случил утрово, кога во дворот од семејната куќа му била фрлена експлозивна направа.
Денеска во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа, извести МВР.
Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кон Штекли пред неколку месеци за краток период во трговиот центар Ист Гејт беа изведени два обиди за ликвидација.