"Фокус" анализа од 2023 година: Борба за превласт над казината на криминално-полициски групи го стави на отстрел Раде Трајковски-Штекли?

Точка

14/11/2024

21:37

1.891

Големина на фонт

а а а

Анализата на неделникот "Фокус" и текстот објавен на 8 ноември, 2023 година во неделникот со број 1466 најдобро ја опишува целата хронологија на настаните поврзани со Раде Трајковски - Штекли и денешниот настан каде во неговиот дом во Ќерамидница била фрлена експлозивна направа.

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ / Фокус

Една недела откако во „Ист гејт“ куршуми му го распараа дел од белодробното крило, Раде Трајковски-Штекли со фотографија на социјалните мрежи, насмеан испрати порака дека ја добил и оваа битка и си оди дома.

Иако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврдеше дека полицијата има осомничени за нападот на Штекли, и по неколку недели нема официјални информации кое беше лицето што го снимија сите безбедносни камери во центарот и ладнокрвно си замина откако ги застрела Штекли и неговиот многу помлад соработник Колумбо.

Како што се случи и во претходните убиства, автомобилот „ауди А4“ со кое се превезувал напаѓачот беше најдено запалено, во скопското село Бојане. За тоа до каде е истрагата за нападот, од МВР упатуваат кон Обвинителството, а тие, пак, велат дека тој што треба да го открие идентитетот на сторителот е токму полицијата.


„Јавен обвинител во континуитет издава наредби и насоки за откривање сторител на кривичното дело. Орган за откривање на идентитетот на сторителот во конкретниот случај е Министерството за внатрешни работи. Откако ќе биде идентификуван сторителот, јавното обвинителство ќе преземе кривичен прогон согласно своите законски надлежности“, велат од Обвинителството за „Фокус“.

Иако официјални информации нема, остануваат прашањата како и зошто Штекли стана мета на напад и што се крие во заднина, со оглед дека скопското подземје „зовре“ последнава година и не престанаа убиствата и нападите меѓу криминалните банди.

Кулминација на оваа „војна“ и сигнал дека нешто се случува во овој свет, кој е далеку од обичниот човек, беше двојното убиство што се случи во март во „Шиша бар“, кога беа убиени Јетон Кривањева-Жила и Енес Исеинов-Љаци од криминалната група „Дуќанџик“.

Неделникот „Фокус“, во серија текстови, пишуваше за тоа како криминалните кланови влегоа во сурова битка до истребување, па за само неколку месеци се случија четири мафијашки убиства и два напади врз Штекли.

Неговото име во последните години не се споменуваше многу често по медиумите, освен кога беше уапсен и екстрадиран, а не се поврзуваше ниту со последните мафијашки убиства.


„РАЗОРУЖУВАЊЕ“ НА ДУЌАНЏИК

Но, сепак, стана цел на напад, што ја откри неговата поврзаност со новокомпонираната група во подземјето „Барон“. Според неофицијалните информации на „Фокус“, за да се разберат причините за нападите врз Штекли, треба да се вратиме многу наназад.

Нашите извори, кои континуирано ги следат активностите на скопското подземје, велат дека наводното обезбедување на казината се најголема причина за крвавата војна, која датира од деведесеттите и почнува кога една група се двои на две – „Беланоца“ и „Дуќанџик“.

Целиот текст можете да го прочитате тука!



Спонзорирани линкови

Маркетинг