Хумелс со урнебесна реакција го дочека пристигнувањето на Раниери во Рим

Дерби

14/11/2024

09:07

877

Големина на фонт

а а а

Матс Хумелс одби голем број клубови од Европа за да и се приклучи на Рома, но после два и пол месеци минати во клубот, искусниот германски стопер едвај собра 20-тина минути.

Доскорешниот капитен на Борусија Дортмунд нема посакуван старт на авантурата во Италија и во краток временски интервал ќе соработува со трет тренер, бидејќи авантурата ја почна со Де Роси, продолжи со Јуриќ од кого не доби речиси никаква шанса, а сега ќе чека прилика од Раниери.

Изминатите три дена беа навистина турбулентни и неизвени во Рим и со клупата на Рома се поврзуваа голем број имиња, но на крајот и дефинитивно стана познато дека „стариот лисец“ се враќа на „Олимпико“.

Раниери по третпат во кариерата ќе го води првиот тим на Рома, а Хумелс очигледно е среќен што доаѓа нов тренер и што ќе добие нова шанса по игнорантскиот однос од Иван Јуриќ.

– Јас во последните 72 часа, – гласи објавата на Хумелс, на која има и слика со која доловува како ги проследил сите шпекулации во изминатите три дена.