Швајнштајгер со брутален коментар по киксот на Германците: Ние веќе не сме врвна репрезентација

Дерби

28/09/2026

06:54

213

Големина на фонт

а а а

Германската фудбалска репрезентација уште еднаш ги разочара своите фанови, доживувајќи пораз на домашен терен од Грција во рамките на Лигата на нации.

Новиот селектор Јирген Клоп дебитираше пред домашните фанови во Аугзбург, но дебито заврши со неочекуван пораз со резултат 0:1 и со ново разочарување кај германските навивачи.

Бастијан Швајнштајгер го коментирал она што се случувало на средбата во отвореното студио на националната телевизија и излегол со брутален заклучок за актуелната ситуација.

– Ние веќе не сме врвна, топ репрезентација, туку само просечен тим.

– Веќе немаме фудбалери кои прават разлика, дури и Грците имаат играчи како Цолис, Карецас и Павлидис кои можат да направат разлика на теренот.

– Се надевам дека Клоп ќе успее да изгради тим кој ќе игра во рамките на неговата филозофија, – рекол Швајнштајгер.