Металург беше една убава ракометна приказна особено во нејзиниот пик кога овој клуб играше редовно во Лигата на шампионите и остваруваше одлични резултати.
На клупата беше Лино Червар, а еден од странците кој остави најголем впечаток беше голманот Дарко Станиќ. Станиќ имаше страшни партии меѓу стативите на клубот од Автокоманда и за брзо време стана вистински миленик и херој на навивачите.
Токму на тие убави моменти и години Србинот се потсети во подкастот „Контранапад“.
-Ракометот во тој момент доби огромна популарност во Македонија. Долго време немаше ништо слично на Балканот. Многу работи се совпаднаа и дојдовме во центарот на вниманието во Европа.Бевме еден од најатрактивните тимови за гледање во цела Европа. Самата атмосфера, играчите, тренерот Лино Червар… Бевме многу интересни, харизматични, енергично разновидни.
-Луѓето што ги привлековме не беа класична организирана навивачка група. Јас го нареков народен клуб. Доaѓаа постари луѓе, деца, семејства… И кога почнаа да навиваат, имавте впечаток дека „Делии “ и Гробари се заедно. Луѓето, енергијата и моментот се совпаднаа. Го дадовме нашиот максимум, им дадовме енергија на публиката, а таа ни се врати од трибините. Беше прекрасно и за нас и за луѓето што нè гледаа, -истакна Станиќ кој говореше и за дуелите со Вардар во Лигата на шампионите.
-Тоа беше нешто посебно. За прв пат ги имате и „Вардар“ и „Металург“ во иста група од Лигата на шампионите. Како „Партизан“ и „Црвена Звезда“ да се во иста група од Лигата на шампионите. Во тој период, постојано се случуваа некои неверојатни и луди работи, -рече некогашниот српски репрезентаитвец.







