"Maserati Shamal" беше укинат во 1996 година и сега е повторно во продажба

Точка

10/11/2024

11:08

7.567

Големина на фонт

а а а

Моделеот со кој "Maserati" го означи крајот на една ера е произведен во само 369 примероци. Сега пристигнуваат нови копии.

"Maserati" не цвета во "Stellantis". Иако во својата понуда има SUV модел, деловните резултати не се најдобри и компанијата сè уште живее на кредит под покровителство на "Stellantis". Кој знае, можеби враќањето назад во времето и некој ретро модел би помогнал. Досега оваа идеја ја користеа и некои други.

Modena Automobili: Passion, Innovation, Tradition.


The muscular appearance continues along the sides with sculpted...

Posted by Modena Automobili on Monday 4 November 2024

Кога станува збор за класиката на "Maserati", работата за оживување на "Shamal" ја заврши "Modena Automobili". Ако го видиме, и денес сè" уште ќе си го истегнеме вратот по "Shamal, па не е изненадување што овој рестомод предизвика толкав интерес.


Новата верзија на автомобилот визуелно многу наликува на оригиналниот модел чии линии ги дизајнираше Марчело Гандини. Но, за разлика од оригиналот и неговиот V8 твин-турбо мотор, место тука му е дадено на помодерниот 3.0 V6 од згаснатиот "Ghibli". Моќноста е зголемена од 410 на 500 коњски сили, додека максималниот вртежен момент од 550 Nm е задржан.


Во комбинација со осумстепениот автоматски менувач на "ZF", новиот "Shamal Biturbo" достигнува 100 km/h за 4,7 секунди со максимална брзина од 285 km/h.


Треба да се има предвид дека овој автомобил е базиран на оригиналниот модел чија структура е засилена со карбонски елементи и сендвич-панели. Суспензијата е понапредна, а поставени се и нови сопирачки на "Brembo|".

Погледот на кабината не е откриен, но се знае дека ќе бидат произведени 33 примероци. Секој ќе се нуди по почетна цена од 585.000 евра. Цената се оправдува со ексклузивноста на автомобилот, но и со тоа што рачното производство на автомобилот трае и до десет месеци. Од друга страна, дури и најскапиот "Maserati MC20" чини помалку.