Летонец воодушеви со возењето и покажа потенцијал за „WRC“.
На „YouTube“ се појави екстремно видео во кое главната улога ја има 20-годишен „Volkswagen Passat“. Се осмелуваме да кажеме дека и возачките вештини на непознат Летонец се во центарот на вниманието, пишува „Index“.
Јутјуберот зад каналот „Rust Bucket Motorsport“ пред неколку дена објави видео во кое го тестира „Volkswagen Passat B5.5“ од 2004 година.
Тешко е со зборови да се опише колку е ова видео необично и забавно. Ваквото однесување зад воланот не го одобруваме, но на овој човек мора да му се признае исклучителната возачка вештина.
Потенцијал за „WRC“
„Passat“-от што беше тестиран е опремен со 2,8-литарски бензински мотор со 193 коњски сили, мануелен менувач со пет брзини и погон на сите четири тркала.
Дека системот „4Motion“ сè уште функционира одлично е јасно во текот на целото видео. Автомобилот во одредени моменти се однесува како да е подготвен за „WRC“ рели, а не како да е купен за мали пари.
Евтино возило, скапа забава
„Passat“-от бил купен за само 1.200 евра, а за време на тестирањето бил опремен со зимски гуми.
Како што вели јутјуберот, кој очигледно станува сè попопуларен, овој стар „Passat“ при возењето се однесува слично на „Audi A6 (C5)“. Може да се почувствува масата на возилото, но управувањето е сосема прифатливо.
Тестот беше одлично прифатен од публиката – ако се суди според коментарите, многумина се воодушевени од комбинацијата на духовита содржина, сирово возење и неочекуваните перформанси на стариот автомобил.
Дури и оние што не го одобруваат овој стил на возење мораа да признаат дека возачот е неверојатно вешт.