Темната страна на познатиот готвач Нусрет („Salt Bae“): На своите вработени им приредува пекол – ги пцуе, им го краде бакшишот и ги отпушта

Точка

08/11/2024

20:23

2.626

Големина на фонт

а а а

Познатиот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како „Salt Bae“, стана светска ѕвезда благодарение на начинот на кој ги послужуваше своите специјалитети, а неговите ресторани станаа најпосетувани, додека цените на оброците се чудесни.

Меѓутоа, откако го посетиле неговиот ресторан, многумина се разочарале мислејќи дека за големата сума на пари која ја платиле ќе доживеат незаборавно искуство.


Тој моментално се соочува со седум тужби во Лондон и Њујорк во кои поранешните работници го обвинуваат за одземање на бакшишот на келнерите, полова и расна дискриминација, неоправдано отпуштање на персоналот и кршење на законите за вработување. Од друга страна судот во Турција дури го казни поради закана дека ќе убие келнер.

„Малиот тиранин“, како што денес јавно го нарекуваат, создаде империја на блескави месарници ширум светот и го отвори синџирот на луксузни ресторани „Нусрет“. „Salt Bae“ бил неверојатно „гладен“ за популарност, подоцна стана интернет ѕвезда, што му овозможило да прави што сака. Неговото богатство се проценува на 40 милиони фунти, но ќе мора да се појави пред судовите, и да им плаќа отштета на поранешните вработени поради нивно малтретирање.


Во меѓувреме, познатиот готвач се спријателил со многу познати личности, кои многу пати биле почесни гости во неговиот ресторан.

Хит готвачот, познат по својот специфичен начин на солење на месото, живеел за социјалните мрежи и позирање со познатите личности. Со нив тој беше „помал од мравка“, додека на работници им приредуваше тортури. За него тие беа „живо месо“, слично на она кое го сервираше.


Вработените никогаш не знаеле дали ќе биде отпуштени пред крајот на смената, работеле во постојан страв. Една работничка добила отказ затоа што случајно скршила чаша пред него, а друг вработен бил отпуштен затоа што, на „Salt Bae“ не му се допаднала неговата кошула. Секогаш скриен зад темни очила, штом ќе се појавеше во просторијата тој внесуваше непријатна атмосфера.


Доколку нешто не му се допаѓало, немало отказен рок или исплата на заработените пари, на вработените автоматски им давал отказ. Кога ресторанот не бил полн, тој создавал вештачки метеж, принудувајќи го персоналот да се преправа дека се клиенти кои чекаат да влезат пред ресторанот, со цел да се создаде впечаток на популарноста на објектот.


Ги принудувал и да го масираат, ги пцуел и ги обвинувал за сопствените грешки. Во неговиот ресторан во Менхетен вработил пет готвачи од Турција за да готват, но потоа наместо тоа ги принудил да ги чистат тоалетите, без да им плати за прекувремената работа.


Мексиканската шанкерка Елизабет Круз поднесе тужба поради тоа што „Salt Bae“ на нејзиниот прв работен ден побарал од неа да се пресоблече во кратко здолниште, високи потпетици и да ги открие градите. Од друга страна во тужбата на латино келнерот Анхел Махер, се наведува дека „Salt Bae“ го нарекол „шпанска кучка“ и дека сите вработени кои не биле со турско потекло биле неверојатно дискриминирани и заплашувани. Исто така Анхел бил принуден да ги лаже гостите од муслиманска вероисповед дека месото е халал и дозволено, иако тоа не бил случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг