Во разговор во живо на неговата социјална платформа „X,“ милијардерот истакна дека неговиот про-Трамп одбор, „Америка ПАК,“ ќе продолжи со својата работа и по изборите.
Американскиот милијардер и еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, се огласи преку платформата X откако Доналд Трамп ја прогласи победата на претседателските избори во САД.
The future is gonna be fantastic pic.twitter.com/I46tFsHxs3
— Elon Musk (@elonmusk) November 6, 2024
Маск, кој беше еден од најистакнатите поддржувачи на Доналд Трамп во изборната кампања, објави на платформата X само една реченица: „Иднината ќе биде фантастична,“ придружена со фотографија од лансирана ракета.
Како долгогодишен поддржувач на Доналд Трамп, Маск е и извршен директор на Tesla и SpaceX и сопственик на социјалната мрежа X, поранешен Твитер.
Инаку, Маск најави дека ќе остане активен во политиката и по овие избори, и дека планира да игра значајна улога на претстојните избори во 2026 година, како и на идните локални избори.
„Ќе бидам значаен играч во политиката,“ рече Маск. Во разговор во живо на платформата X, милијардерот истакна дека неговиот про-Трамп одбор „Америка ПАК“ ќе продолжи со своите активности и по изборите. Одборот планира да се подготви за следните избори и да се вклучи во локалните трки, како што се изборите за државни обвинители ширум земјата, додаде Маск.
„Америка ПАК ќе биде силно вклучен во внатрешните и локалните избори, работејќи на разумна политика, како што е обезбедување на државите од криминалци,“ рече Маск.
Маск донираше најмалку 118 милиони долари во својот супер-ПАК за да ги мотивира гласачите да го поддржат поранешниот претседател Доналд Трамп. Америка ПАК беше основан оваа пролет, со цел да создаде „црвен бран“ низ целата земја, насочувајќи се кон гласачи со пониска излезност во клучните федерални држави.