[ФОТО] Иванка Трамп наполни 43 години и ја разголи душата: „Ова се животните лекции кои досега ги научив“

Точка

06/11/2024

17:58

2.534

Големина на фонт

а а а

Ќерката на поранешниот и идниот претседател на САД, Доналд Трамп, Иванка Трамп, на својот Инстаграм објави 16 мудри мисли кои секојдневно ги следи. Тие се однесуваат на меѓучовечките односи и здравиот начин на живот.

Убавата русокоса позирала пред објективот на фотоапаратот без тронка шминка, а вниманието на корисниците на социјалните мрежи го привлекла нејзината блескава насмевка, но и искрените зборови.

„Размислувајќи за животните лекции, ова се некои вистини кои ги научив попатно“, започнала таа.


Потоа продолжила:

1. „Семејството и пријателите се сè. Негувајте ги тие односи, проверувајте ги редовно и покажете дека се грижите. Како што вели Естер Пелер: „Квалитетот на вашите врски го одредува квалитетот на вашиот живот“.

2. „Простете им на луѓето – тоа ќе ве ослободи повеќе од што било друго“.

3. „Секој е учител. Секоја личност што ќе ја сретнете е лекција која е потребна на вашата душа за да расте“.

4. „Избегнувајте озборувања. Изберете зборови што лекуваат, а не зборови што болат“.

5. „Верувајте си. Препознајте ги вашите основни вреднсти и живејте според нив, дури и ако тоа значи да поставите цврсти граници“.

6. Грижете се за вашето тело. Јадете здрава храна, но уживајте и во парче торта – и малите задоволства го прават животот подобар“.

1. „Секој ден поминувајте време на сонце. Тоа ќе ви ги подобри и денот и ноќта“.

2. „Силно тело, силен ум. Движете се секој ден, кревајте тегови, спортувајте и играјте“.

3. „Стремете се кон три дневни победи: физичка, ментална и духовна. Навал Равикант вели: ’Смирен ум, добро тело и дом со љубов. Овие работи не можат да се купат, тие мора да се заработат‘“.


4. „Развијте самосовладување. Како што вели Маркус Аврелиј, ’Вие имате моќ над вашиот ум – не над надворешните настани‘. Вистинската сила лежи во контролирањето на сопствените реакции, а не на светот околу вас“.

5. „Чувајте го вашиот мир. Епиктет забележал: ’Кој може да те налути, станува твој господар‘. Совладувањето на сосптвените емоциите значи дека другите не можат да ја контролираат вашата состојба на умот“.

6. „Бидете отворени за вистината, без разлика каде ве води. Слушајте, мислите, растете. Прифатете нови идеи, врски и уметност“.

7. „Бидете љубопитни. За вашиот партнер, децата, пријателите и светот.“

8. „Пристапете кон животот со љубов и позитивност. Доли Партон вели: ’Јас не критикувам или судам, сакам и прифаќам“.

9. „Потрошете време и енергија на она што навистина ви е важно.

10. „Размислувањето е тешко; затоа повеќето луѓе судат“, Карл Јунг. Она што го осудувате, не можете да го разберете. Наместо тоа, набљудувајте и учете.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг