Што секојдневно јаде Доналд Трамп? Ќе се изненадите од неговиот избор

Точка

06/11/2024

15:58

2.237

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп по втор пат стана претседател на САД, а доколку некогаш сте се запрашале како изгледа неговиот просечен ден и што секојдневно јаде, го имаме одговорот. Тој и покрај неговата популарност и политичка функција, јаде сосема вообичаени работи, но и брза храна, баш како секој вистински Американец.


Го прескокнува појадокот

Во разговор со Џеси Волтерс од „Fox News“ во 2016, Трамп изјави дека го прескокнува појадокот секогаш кога може. Вообичаено има ручек, но омилен оброк во денот му е вечерата.


Меѓутоа, понекогаш се решава да појадува, а во тој случај најчесто одбира јајца и сланина, житарки или „McDonald’s McMuffin“, а не пие ниту чај ниту кафе.


Сака да јаде ролат од месо

Освен што не појадува, понекогаш го прескокнува и ручекот. Неговите прехранбени навики беа откриени во книгата „Let Trump Be Trump“, која ја напиша поранешниот менаџер на неговата кампања Кори Левандовски, кој тврди дека претседателот понекогаш издржувал 14 до 16 часа без јадење.


Трамп е голем обожавател на месни ролати, што е познато уште од 2005 година, кога тој и Меланија гостуваа кај Марта Стјуарт, каде подготвуваа сендвич со месо.


Обожува брз храна и диетална кока – кола

Трамп исто така е голем обожавател на брзата храна, вклучувајќи ги Мекдоналдс, Бургер Кинг и КФЦ. За вечера најчесто се одлучува Мекдоналдс, два „Big Mac“ два „Filet-O-Fisha“ и мал чоколаден милкшејк.


Исто така Трамп е љубител и на пиците, иако не сака да ја јаде нивната корка. Кога не јаде пржено пилешко или хамбургери, Трамп ужива во добар стек. Сака да биде добро испечен и послужен со кечап.


Новиот американски претседател сака диетална кока-кола, која понекогаш ја пие и за појадок. Наводно, за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, дури имал инсталирано копче за послужување диетална Кока-Кола, која често му ја носеле и до 12 дневно.


Освен што пиел по 12 лименки диетална кока-кола дневно, тој сакал да јаде и грицки, а тоа најчесто се чипсовите „Lays“ или „Doritos“. Наводно, Трамп секој пат отвора ново пакување грицки, дури иако во претходното има останато уште, а тоа бидејќи е гермофоб, односно се плаши од бактерии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг