Русокосата жена во црн комбинезон не се одвојуваше од Доналд Трамп на сцената за време на неговиот победнички говор. Додека неговата сопруга Меланија стоеше на левата страна, таа стоеше од неговата десна страна.
Станува збор за снаата на Трамп Лара Трамп, сопруга на неговиот син Ерик.
Лара Трамп, родена Лара Леа Јунаска на 12 октомври 1982 година, е американска телевизиска продуцентка и поранешна советничка на кампањата на Трамп. Пред да стане позната во јавноста како член на семејството Трамп, Лара се занимавала со новинарство. Дипломирала на „Државниот универзитет во Северна Каролина“, а подоцна завршила и на „Францускиот кулинарски институт“ во Њујорк.
Во 2014 година се омажила за Ерик Трамп. Парот има две деца, син, Ерик Лук Трамп, роден во 2017 година и ќерка, Карла Дороти Трамп, родена во 2019 година. Лара често учествувала во политичките активности на семејството Трамп, вклучително и кампањи, а особено се истакнувала како страсна и гласна поддршка на нејзиниот свекор.
Пред да се вклучи во политичката сфера, Лара работела за „Фокс Њуз“ како продуцентка, каде што стекнала медиумско искуство. За време на кампањата на Доналд Трамп, таа била една од портпаролките и стратезите, често појавувајќи се во телевизиски емисии како би ја промовирала семејната политика и бранејќи го нивниот политички став.
Нејзиниот сопруг, Ерик Трамп, Доналд го добил во бракот со Чехињата Ивана.