[ВИДЕО] Кинезите ја напаѓаат "Honda Goldwing": "GWM" претстави нов мотоцикл

Точка

05/11/2024

21:25

5.938

Големина на фонт

а а а

Кинеската марка "Great Wall Motors" (GWM) го напаѓа "Honda Goldwing" со својот нов мотоцикл.

"GWM Souo S2000" има 2,0-литарски мотор со повеќе цилиндри од 1,8-литарскиот што го придвижува "Honda Goldwing", како и поголеми димензии.

"Souo S2000" е 115 милиметри подолг и 78 килограми потежок од "Goldwing", а со максимална брзина од 210 км/ч доаѓа во три варијанти.


Основниот модел е "S2000ST", додека полуксузниот "S2000GL" додава големи задни седишта и кутии за багаж, а "S2000 Founder Edition GL" доаѓа во мат црна и златна боја. Дигитална контролна табла е од 12,3 инчи, задни сензори за паркирање, греачи за седишта и способност за „Cloud ажурирање“ се стандардни кај сите верзии.


"Souo" планира да произведува и "SUS" и електрични мотоцикли, а повеќето би требало да чинат помалку од овој модел, чија цена е од 218.800-288.800 јуани (31-41.000 долари) во Кина.