Ријана се пошегува дека „кришум ќе влезе на избирачкото место“ и ќе гласа со пасошот на нејзиниот син, повикувајќи ги Американците да гласаат на претседателските избори. Пејачката добитничка на Греми, која е родена на Барбадос и не го смени своето државјанството, со американскиот рапер Асап Роки ги има двегодишниот син Рзу и 15-месечниот син Рајот Роуз.
Ријана објави видео на Инстаграм на кое гледа низ прозорецот на автомобилот со натпис: „Се обидувам да се прикрадам на изборите со пасошот на син ми“, заедно со хаштагот „#votecauseicant“.
Исто така и поп – ѕвездата Тејлор Свифт, која претходно ја нарече актуелната потпретседателка „стабилен и надарен лидер“, ги повика американските граѓани да гласаат на изборите. Пишувајќи за нејзините настапи во рамки на турнејата „Eras“ во САД, 34-годишната пејачка додаде: „И еве еден пријателски, но исклучително важен потсетник дека утре се изборите во САД и вашата последна шанса да гласате“.
Во меѓувреме, фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, во неговата објава на Инстаграм напиша дека неговите деца ќе гласаат за Харис. При што објави и фотографиите на кои може да се види тој со шесте од неговите осум деца.
На едната фотографија Џегер е со своите четири ќерки – Карис, Џејд, Елизабет и Џорџија Меј, а на втората со двата сина Џејмс и Лукас. Ролинг Стоунс претходно го критикуваа републиканскиот кандидат Доналд Трамп поради користењето на нивните песни „You Can’t Always Get What You Want“ и „Start Me Up“ во текот на неговите митинзи.
Во меѓувреме, Харис ја искористи моќта на познатите личности додека се фокусираше врз државите кои се пресудни за изборна победа, а на нејзините митинзи се појавија Еминем, Брус Спрингстин и Џенифер Лопез.
Исто така поп суперѕвездите, вклучувајќи ги Тејлор Свифт и Мадона, се помеѓу оние кои ја поддржаа Харис.