[ФОТО] Ким Алексис во 1980-тите беше една од најбараните манекенки на светот, а денес изгледа вака

Точка

05/11/2024

15:01

1.053

Големина на фонт

а а а

Американскиот манекенка, Ким Алексис ги красеше насловните страници на многу списанија ширум светот во 1980-тите. Додека сега е активна на социјалните мрежи каде споделува совети за убавина.


Инаку Алексис се имаше појавено во најпознатите светски списанија како што се: „Sports Illustrated“, „Vogue“, „Harper’s Bazaar“, „Glamour“, „Self“ и „Cosmopolitan“, а исто така стана заштитно лице на „Revlon“ уште во 1983 година.


Алексис се вбројуваше во најубавите жени на светот заедно со Пети Хансен, Кристи Бринкли, Кели Емберг, Иман, Џенис Дикинсон и Полина Поризкова.


Алексис неодамна изјави дека конечно научила да се прифаќа себеси онаква каква што е, по нејзината борба со хипотироидизмот, менопаузата и дебелеењето.

Кога ја започнала својата кариера, модниот агент Џон Казабланкас ѝ кажал дека мора да ослабне. Алексис изјави дека не ѝ било лесно со оглед на тоа дека имала атлетска градба. Почнала со гладување и си го нарушила сопственото здравје. Инаку Алексис, се повлече од јавноста откако го роди своето трето дете.


„Луѓето сакаат да продолжиме да изгледаме онака како што изгледавме кога бевме помлади. Нам не нѝ е дозволено да старееме. Тоа не е фер“, изјави таа за „People Health“.

Манекенката исто така кажа дека никогаш не вбризгала ботокс, како и дека тоа никогаш нема да го направи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг