Ирскиот актер Пол Мескал (28), ѕвездата на претстојниот филм „Гладијатор II“, во текот на подготовките за овој филм своето тело го доведе до топ – форма, но покрај сè во неговото интервју за магазинот „GQ“, тој откри дека е убеден оти нема да живее долго.
„Луѓето реагираат на смртта на посебен начин, но во мојата глава тоа никогаш не беше толку драстично“, вели тој.
„Можеби тоа има врска со фактот дека не можам да се замислам себеси како 80 годишен маж. Исто така се плашам од смртта. Мислам дека доколку смртта дојде по мене на 55 години, подеднакво би се плашел од неа како и на 90 годишна возраст. Не му верувам на никој кој вели дека е подготвен за смртта“, додаде актерот, велејќи дека ова верување отсекогаш го имал на ум.
„Нема да живеам долго. Се надевам дека грешам. Но, таа помисла едноставно ја имам на ум“ вели Мескал, кој своевремено го опиша процесот на тренирање за улогата во „Гладијатор II“ како исклучително напорен. Меѓутоа, сепак призна дека за време на подготовките за филмот, не можел да се откаже од алкохолот и цигарите.
На почетокот од оваа година на социјалните мрежи почна да се споделува видео од неговиот тренинг за филмот. Во видеото, првично објавено кон средина на 2023 година на Тикток, Пол може да се види како ги зајакнува рамениците преку вежби со тегови. Додека неговите фанови му упатија бројни, позитивни коментари, со пофалби за неговиот изглед и неговата посветеноста на тренингот.
За потсетување, Пол Мескал во „Гладијатор II“ го глуми Луциус Верус, поранешниот наследник на Римското Царство и внук на поранешниот римски император Маркус Аврелиј. Неговиот лик се појави како дете во филмот „Гладијатор“ од 2000 година, и тоа како син на тогашниот главен лик Максимус.
Дејството во продолжението на „Гладијатор“ се случува повеќе од две децении по оригиналниот филм. Приказната започнува со инвазијата врз домот на Луциус, при што војниците ја убиваат неговата сопруга а него го заробуваат. Инспириран од својот татко, Луциус решава да се бори како гладијатор под водство на Макринус, чија цел е да ги симне од тронот императорите Каракала и Гета.