[ФОТО/ВИДЕО] Пешачел 120 километри и го направил најголемиот GPS цртеж на машки полов орган: Еве ја причината која се крие зад овој подвиг

Точка

04/11/2024

12:04

4.578

Големина на фонт

а а а

Велшанецот Тери Росоман, кој одлучил во рок од 24 часа во склоп на хуманитарна акција, успешно го завршил предизвикот.

Тери низ магла и потполн мрак испешачил рута во облик на на фалус долга повеќе од 120 километри со цел да собере пари и са ја подигне свеста за здравствените проблеми на на мажите во склоп на Мовембер, пренесува „Би-би-си“.

Росоман патувањето го започнал во петокот во 17 часот. Тргнал од железничката станица Абергавени и завршил на истото место во саботата околу 16:30 часот.

„Беше апсолутно ужасно… Навистина навистина тешко, ова е најтешкото нешто што сум го направил во мојот живот. Тешки 24 часа. Не спиев, трчав низ ноќта, беше црно, не можеше дури и да си го видам прстот пред носот, бидејќи многу густа магала ми го отежна патот. Имав запалени факели, но тие не помогнаа многу. Се изгубив повеќе од еднаш, а искачувањето и надморската височина убиваше. Иако беше навистина тешко, мило ми е што успеав на крајот“, изјавил тој.


Росоман е директор на маркетинг компанија, а за обликот на пенис се одлучил за да го привлече вниманието на целната публика – мажите. Благодарение на неговиот потфат, тој досега собрал повеќе од 3.500 фунти од целните вкупно 5.000 фунти.

„Благодарам на сите добри луѓе за поддршката, благодарам на сите што трчаа со мене и на оние кои донираа пари. Без нив немаше да собереме повеќе од 3.500 фунти“, изјавил тој. Росоман се надева дека неговиот потфат ќе ги инспирира мажите да се справат со сопствените проблеми.

Тој признал и дека во моментов не е подготвен за уште еден сличен предизвик и дека наместо тоа има намера да ужива во божиќните празници со семејството.

„Собирам килограми до Божиќ. Нема предизвици и тренинзи. Телото ми се распаѓа и ќе ми требаат неколку недели да се опоравам“, вели Росоман.

Мовембер е добротворна организација која ја подига свеста за потребата од заштита на здравјето на мажите во текот на месец ноември. Фокусот е на здравствените проблеми кои ги погодуваат мажите, како што се ракот на простатата и тестисите, но исто така често се занемаруваат тешкотиите поврзани со нивното ментално здравје и превенцијата од самоубиства. Оваа година движењето слави 21-годишнина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг