[ФОТО] Доналд Трамп им купил чевли на соработниците: „Со години одат во неудобни“

Точка

14/03/2026

19:22

527

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потврди дека за неколку членови на својот кабинет купил исти чевли од неговиот омилен бренд.

За необичните подароци првпат извести „Волстрит журнал“ оваа недела, наведувајќи дека Трамп поделил парови чевли од брендот „Флорсхајм“ во вредност од 145 долари.

„Со години одат во чевли што не се толку добри и удобни“

„Тоа се убави чевли“, изјавил Трамп во интервју за „Фокс радио“ кога бил прашан за тоа. „Она што јас го правам е… кога некој што долги години оди во чевли што не се добри и не се толку удобни“, рекол 79-годишниот републиканец, „па малку се забавувам со тоа“.


„Кога ќе ми кажат дека имаат проблем, им велам: ’Ќе ти набавам еден пар чевли.‘ Изгледа дека тоа функционира прилично добро. Сега изгледаат елегантно и убаво. Тоа е подарок од Доналд Трамп.“ Трамп додал дека „никогаш не сакал членовите на кабинетот да одат во патики“.

На Рубио не му го погодил бројот?

„Волстрит журнал“ објави дека меѓу оние кои ги носат тие чевли се потпретседателот Џ. Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет.

Но, можеби пред да ги купи, требало да се распраша кој број на чевли носат неговите најблиски соработници.


Имено на една фотографија Рубио е прикажан во чевли кои веројатно му ги купил Трамп, но изгледаат како да му се преголеми.

Се разбира, бројни корисници на социјалните мрежи се пошегуваа на сметка на Рубио.

Моделот на веб-страницата на „Флорсхајм“ што најмногу наликува на оние од фотографиите е кожен елегантен чевел произведен во Кина, кој се продава по цена од 145 долари за пар.