Франческо Тоти деновиве беше фотографиран на плажа во Мајами, а заедно со него беше и неговата девојка Ноеми Бочи.
Папараците не можеа да им го одвлечат вниманието, додека парот уживаше во сонцето и коктелите. 48-годишниот фудбалер ја започна врска со Ноеми по неговиот развод од телевизиската водителка Илари Бласи во 2022 година по 17 години брак. Заедно имаат три деца – синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел.
Во тоа време италијанските медиуми пишуваа дека Тоти ја изневерил сопругата токму со Ноеми. „Il Messaggero“ пишува дека Тоти и Бочи се во исчекување на финализирањето на неговиот развод за да можат да се венчаат.
Ноеми е италијански манекенка и телевизиска водителка, која има 36 години.
Според информациите на нејзиниот Фејсбук профил, таа студирала на Универзитетот Лумса во Рим. Таа претходно беше во брак со бизнисменот Марио Каучи и со него има две деца. Тие се венчаа во 2011 година, но решија да се разведат во 2018 година. Четири години подоцна, Ноеми почнаа да ја поврзуваат со Тоти.
Ноеми е популарна и на Инстаграм каде ја следат 157 илјади луѓе.
Франческо Тоти е еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња. Целата кариера ја помина во Рома. За клубот од Рим постигна 307 гола на 786 натпревари и го освои италијанското првенство во 2001 година. Со клубот на својот живот освои уште два купа и еден Суперкуп, а во 2006 година со репрезентацијата на Италија стана светски првак.
Тоти ја заврши професионалната кариера пред седум години, но сега размислува да му се врати на фудбалот: „Имаше клубови од Серија А кои ме повикаа. Признавам дека ме натераа малку да размислам. Тешко е тоа да се оствари, но никогаш не вели никогаш во животот“, изјави Тоти.