[ФОТО] Викторија Бекам по 27 години облече костим за „Ноќта на вештерките“, носеше зелена маска

Точка

01/11/2024

20:29

4.512

Големина на фонт

а а а

Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија Бекам ги израдуваа своите следбеници на Инстаграм со објавата по повод Ноќта на вештерките, а Викторија Бекам по 27 години се реши да облече костим.

Дејвид Бекам прв објави фотографија на својот Инстаграм профил, позирајќи без маица, со збрчкана маска и качкет.


Во описот на објавата, тој ги означи Викторија и нивните деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер, посакувајќи им среќна Ноќ на вештерките со натпис: „Обожувам бинго ноќи“.

Дејвид сподели уште една фотографија на која позираше со Викторија и нивната ќерка Харпер, а Викторија се појави во застрашувачки костим со зелена маска на која имаше неколку големи бенки.


Дејвид додаде хумор во описот, потенцирајќи го повторното маскирање на Викторија по 27 години.

„Браво мамо, за прв пат по 27 години мојата сопруга се маскира и изгледа прекрасно“, напиша тој.


Исто така и Викторија објави фотографија на својот Инстаграм, на која може да се види нивниот целосен костим за Ноќта на вештерките. Таа позираше со маската, држејќи ја раката на рамото на Дејвид.